Чоколадни кроасани

Од:

Брзи и неверојатно вкусни …

Потребно е:
900 гр + брашно за посипување на работната површина
225 мл јогурт, на собна температура
300 мл топло млеко
10 гр сув квасец
300 гр смрзнат путер
1-2 лажичиња сол
2 јајца
1 лажиче шеќер
6 лажици растопен путер
1 лажиче прашок за пециво
чоколаден кем (Нутела или по избор)
1 јајце, за премачкување

Подготовка:
– Загрејте го целото млеко. Во половина од млекото ставете 1 лажиче шеќер, сувиот квасец и 1 лажица брашно, убаво измешајте за да се соединат состојките и оставете го на страна да нарасне.

– Брашното измешајте го со прашокот за пециво и солта во еден подлабок сад. Во средината направете мала вдлабнатина каде ќе ги ставите растопениот путер, изматените јајца, остатокот од топлото млеко. јогуртот и стасаниот квасец.

– Замесете тесто додека да почне да се одвојува од страните на садот. Потоа ставете го на набрашнета работна површина и убаво умесете го додека да стане глатко и еластично.

– Вратете го тестото повторно во садот, покријте го со пластична фолија и оставете го двојно да нарасне, околу 1 час.

– Нараснатото тесто вратете го на набрашнетата маса и уште еднаш измесете го.

– Поделете го на 12 мали топчиња. Секое парче тесто со сукало развлечете го со големина и форма на мала чинија.

– Земете еден круг од тесто и на него изрендајте од смрзнатиот путер. Одозгора ставете втор круг тесто, малку развлечете го со раце и краевите малку подвиткајте ги под првото тесто. повторно изрендајте од смрзнатиот путер. Истата постапка направете ја со останатите 4 теста, секој пат подвиткајте ги малку краевите. Ова го правите за путерот не излезе надвор при растегнувањето на тестата. На последното 6-то тесто не рендајте путер. Вака подготвеното тесто ставете го во чинија и во фрижидер.

Чоколадни кроасани1

– Истата постапка повторете ја и со преостанатите 6 кругови тесто. Ставете го во фрижидер.

– Земете го првото тесто од фрижидер и ставете го на набрашнета површина. Со сукало развлечете го во еден голем круг.

Чоколадни кроасани2

 

– Исечете го на 24 триаголници (видете ја сликата). Половина од остатокот од путерот изрендајте го на кората, но не на горниот дел.

Чоколадни кроасани3

– На секој крај на триаголниците ставете по едно полно лажиче од чоколадниот крем. На крај замотајте ги како кроасани.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење, покријте ги со пластична фолија и оставете ги да нараснат уште 30-тина минути.

– Премачкајте ги со разматено јајце и ставете да се печат во агреана рерна на 190 целзиусови степени 15-20 минути или додека малку не поруменат.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска