За сите љубители на чоколадо …
Потребно е:
за кората:
6 белки
6 лажици шеќер
200 гр мелени ореви
2 лажици лебни трошки
3 лажици брашно
1 прашок за пециво
за жолтиот фил:
6 жолчки
200 гр шеќер во прав
чоколаден фил:
100 гр бело чоколадо
100 гр црно чоколадо
100 мл слатка павлака
50 гр мелени ореви
Подготовка:
– Прво подгответе ја кората. Изматете ги белките во цврст шлаг со постепено додавање на шеќер.
– Во еден сад соединете ги мелените ореви, лебните трошки, брашното и прашокот за пециво. Додадете ги изматените белки и полека измешајте со дрвена лажица.
– Подготвената смеса сипете ја во тава (23х33 см) претходно обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.
– Додека се пече кората подгответе го жолтиот фил. Изматете ги жолчките и шеќерот. Оваа смеса сипете ја над врелата печена кора и оставете 30-тина минути на собна температура за да се стегне филот.
– За чоколадниот фил, чоколадото и слатката павлака истопете ги на пареа. Овој фил прелијте го колачот и веднаш посипете со мелени ореви.
– Оставете го да се излади, исечете на коцки и послужете.