Комбинација на чоколадо, кокос и кикирики, вистинско совршенство …
Потребно е:
340 гр чоколадо
400 гр кондензирано млеко
1 ванилин шеќер
3 чаши (од 200 мл) фино мелени чоколадни вафли
2 чаши + 2 лажици мелен кокос
1 чаша + 1 лажица солени кикирики
1/2 чаша шеќер во прав
1/2 лажиче сол
Подготовка:
– Во правоаголна тава за печење ставете хартија за печење и оставете да излегува надвор од тавата по 2 см од сите страни.
– Во сад на рингла загревајте ги кондензираното млеко и чоколадото, додека да се растопи чоколадото. Тргнете го садот од рингла и додадете ги ванилиниот шеќер. Сипете 1/3 од растопеното чоколадо во млеко во друг сад и тргнете го на страна.
– Измешајте 2 чаши мелен кокос, 1 чаша кикирики, вафлите, шеќерот и 1/2 лажиче сол. Во ова сипете го растопеното чоколадо и мешајте додека да се соединат сите состојки.
– Смесата сипете ја во тавата за печење. Одозгора прелијте ја со 1/3 од растопеното чоколадо и посипете со 1 лажица сецкани кикирики и е лажици кокос.
– Колачот ставете го во фрижидер да се стегне 2-3 часа. Извадете го од тавата за едно со хартијата за печење. Исечете го на 24 еднакви делови.