Чоколадни еклери

Од:

Неодоливи чоколадни колачи со кремасто полнење …

Потребно е:
за тестото:
80 гр пченично бело брашно
40 гр путер
2 јајца
125 мл вода
10 гр шеќер
10 гр какао во прав
1 прстофат сол

за чоколадниот крем:
100 гр црно чоколадо
250 мл чоколадно млеко
30 гр шеќер во прав
2 жолчки

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.

– Замесете го тестото. Во сад на рингла ставете ги водата, путерот, шеќерот и солта и загрејте ги додека да се растопат состојките и да добиете хомогена смеса.

– Тргнете го садот од рингла и додадете ги брашното и какаото во прав. Вратете го садот на рингла на ниска температура и со дрвена лажица мешајте го тестото околу 5 минути додека да се стврдне. Тестото треба да се одвои од дното на садот.

– Тргнете го садот на страна и оставете да се излади тестото. Додадете ги јајцата, едно по едно и силно мешајте додека да добиете хомогено тесто.

– Тавата за печење обложете ја со хартија за печење. Со мало лажиче земајте од тестото мали парчиња и наредете ги во тавата.

– Ставете да се печат во загреана рерна околу 30 минути без да ја отварате рерната додека се печат.

– Додека се печат преминете на подготовка на чоколадниот крем. Во сад на рингла растопете го чоколадото.

– Во друг сад изматете ги жолчките, шеќерот и брашното. Полека додадете го чоколадното млеко и измешајте. Оваа смеса сипете ја во растопеното чоколадо и со постојанко мешање околу 2 минути варете ја на рингла додека да се згусне.

– Испечените еклери извадете ги од рерна и оставете да се изладат. потоа исечете им го горниот дел како капаче и наполнете ги со изладениот чоколаден крем. На крај затворете ги со капачето.

– По желба одозгора може да ги посипете со шеќер во прав или со растопено чоколадо.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска