Идеална комбинација, јагоди и чоколадо …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
130 гр путер
150 гр црно чоколадо
140 гр мармалад од јагоди
150 гр шеќер
50 гр какао во прав
80 гр меко брашно
1 лажиче прашок за пециво
3 јајца
100 гр сецкано чоколадо од јагоди, по желба
за кремот од јагоди:
300 гр свежи јагоди
100 гр шеќер
сок од 1 лимон
2 лажици нишесте
300 мл слатка павлака за шлаг
за украсување:
100-200 мл слатка павлака за шлаг
свежи јагоди
Потребно е:
– Дното на калапот за торта со дијаметар од 26 см обложете го со хартија за печење, а страните намачкајте ги со путер.
– На пареа растопете го путерот и темното чоколадо. Тргнете го садот на страна и додадете ги мармаладот и шеќерот. Убаво измешајте.
– Во друг сад ставете ги какаото, брашното и прашокот за пециво и измешајте. Оваа смеса додадете ја во растопениот путер и чоколадо. Повторно измешајте да добиете хомогена смеса.
– Во смесата додадете ги јајцата, кои претходно сте ги изматиле со маталка и сецканото чоколадо. Изматете со маталка додека да добиете хомогена смеса.
– Смесата сипете ја во подготвениот калап и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.
– Печеното бисквитно тесто оставете го да се излади.
– Додека се пече тестот преминете на подготовка на кремот од јагоди. Измиенте јагоди иситнете ги во блендер. Сипете ги во помал сад, додадете го шеќерот и ставете го садот на рингла да се вари на тивко околу 5 минути, односно додека да се растопи целиот шеќер.
– Додадете го сокот од лимон и нишестето (нишестето претходно поминете го низ цедалка за да не се направат грутки во јагодите). Варете на тивко уште околу 5 минути додека да се згусне, но со постојано мешање. Оставете да се излади.
– Изматете ја слатката павлака за шлаг. Потоа во шлагот додадете ги сварените и изладени јагоди. Измешајте со шпатула додека да добиете хомогена смеса.
– Добиениот крем рамномерно нанесете го на изладениот бисквит. ставете го во фрижидер убаво да се излади.
– Изладената торта по желба украсете ја со шлаг и свежи јагоди.