Одличен спој – чоколадо и кокос …
Потребно е:
85 гр путер
1 лажица рум
480 гр кокос
шеќер, по вкус
за чоколадното полнење:
450 гр чоколадо
410 мл слатка павлака
за декорирање:
50 гр бело чоколадо
2 лажици слатка павлака
Подготовка:
– За кората од кокос, пенесто изматете го путерот со шеќерот, додадете го румот и 1/3 од кокосот. Убаво измешајте и додадете го остатокот од шеќерот.
– Калапот во кој ќе ја печете питата убаво намастете го со путер и по желба може да ставите и хартија за печење на дното. Кокос смесата убаво втиснете ја на дното и околу рабовите на калапот. Одозгора ставете круг од алуминиумска фолија за да не изгори кокос кората.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути или додека кората не почне да потемнува. Извадете ја од рерна и оставете да се излади.
– За полнењето, во сад на рингла ставете ја слатката павлака и загрејте ја до вриење. Тргнете го садот на страна и додадете го чоколадото искршено на парчиња. Мешајте додека да се растопи чоколадото. Оставете да се излади 10-тина минути, а потоа измешајте и прелијте го над кокос кората.
– Истата постапка направете ја и со белото чоколадо за декорација.
– Оставете ја питата околу 45 минути убаво да се стегне чоколадното полнење, а потоа почнете да ја декорирате со растопеното бело чоколадо. Во тенок млаз направете спирала почнувајќи ос средината кон надвор. Со чепкалка за заби повлекувајте линии од средината кон надвор за да добиете декорација како на сликата. Или може питата да ја декорирате по своја желба.
– Најубаво е питата преку ноќ да ја ставите во фрижидер. Пред да ја послужите оставете ја да стои 20-30 минути на собна температура.