Чоколаден ролат со смокви и ореви

Од:

Овој колач не се пече и навистина брзо ќе го подготвите …

Потребно е:
100 гр млечно чоколадо
100 гр чоколадо за готвење
100 гр путер
1 јајце
70 гр млечни бисквити (Pettite Beure)
100 гр суви смокви
30 гр ореви
3 лажици кафеав шеќер

Подготовка:
– Калапот со димензии 20х10 см обложете го со хартија за печење.

– Во еден подлабок сад издробете ги со рака бисквитите. Во садот додадете ги и исецканите смокви и ореви.

– На пареа растопете ги чоколадите, путерот и шеќерот. Изматете го јајцето и сипете го во садот кај чоколадите. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.

– Горната смеса сипете ја во садот во кој се останатите состојки и убаво со раце измесете ја смесата за да се соединат сите состојки. Но немојте многу да притискате за да не ги издробите бисквитите.

– Смесата сипете ја во калапот и оставете да се стегне. Ролатот сечете го на парчиња со дебелина по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска