Чоколаден ролат со лешници

Од:

Фина плетенка со неодолив вкус на чоколадо …

Потребно е:
за тестото:
265 гр брашно
50 гр шеќер
1 лажиче сув квасец
изрендана кора од 1 лимон
1 јајце + 1 жолчка
60 мл вода
75 гр путер, на собна температура

за филот:
25 гр шеќер во прав
15 гр какао во прав
70 гр чоколадо за готвење
60 гр путер
50 гр лешници

за сирупот:
130 гр шеќер
80 мл вода

Подготовка:
– Во еден подлабок сад сипете ги брашното, шеќерот, квасецот и изренданата кора од лимон и измешајте.

– Додадете ги јајцето, жолчката и водата и убаво измешајте со вилушка додека да добиете хомогена смеса.

– Додадете прстофат сол и постепено и коцките путер. За цело време месете го тестото со рака, со повремено додавање на малку брашно колку тестото да не се лепи на рацете. Тестото замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ.

– Калапот (23х10 см) намастете го со малку масло и на дното ставете хартија за печење. Тестото извадете го од фрижидер.

– За филот во една чинија измешајте ги шеќерот во прав и какаото, на пареа растопеното чоколадо и растопениот путер да добиете фин крем.

– Ставете го тестото на работна површина посипана со малку брашно и развлечете го во форма на правоаголник со димензија 38х28 см. Тестото премачкајте го со подготвениот фил на околу 2 см од краевите.

– Посипете со сецкани лешници и внимателно завиткајте го како ролат. Исечете ги краевите на тестото (околу 2 см).

– Сега ролатот пресечете го на два дела по должина. Двата ела може да ги исплетете во плетенка или пак заедно да ги замотате како на сликата. Префрлете ги во подготвениот калап за печење.

– Калапот покријте го со влажна крпа и оставете го да стои на топло околу 2 часа.

– Додека тестото расте, подгответе го сирупот. Во сад на рингла сипете го шеќерот и водата и варете додека да се растопи шеќерот. Тргнете го садот на страна и оставете го сирупот потполно да се излади.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 30 минути.

– Извадете го од рерна и уште додека е топол премачкајте го подготвениот сируп (искористете го целиот сируп).

– Оставете го колачот потполно да се излади, исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска