Кремаст, декоративен и неверојатно вкусен колач …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
5 јајца
100 гр шеќер
30 гр брашно
30 гр какао во прав
1/2 лажиче прашок за пециво
50 гр бадеми, покрупно измелени
за кремот:
250 гр маскарпоне сирење
80 гр шеќер во прав
2 лажици Амарето или пак некој овошен ликер
100 гр чоколадо
за посипување:
какао во прав
Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете ги жолчките и шеќерот.
– Додадете го брашното помешано со какаото и прашокот за пециво, а потоа и белките кои претходно сте ги изматиле во густ снег.
– Тавата (со димензии 30х40 см) обложете ја со хартија за печење. Посипете по дното од грубо мелените бадеми и врз нив сипете ја претходно подготвената смеса.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 12 минути.
– Печеното тесто замотајте го како ролат со помош на хартијата за печење и ставете да се излади.
– Во меѓувреме подгответе го кремот. Во еден сад ставете ги маскарпонето, шеќерот во прав и Амаретото и изматете ги убаво со миксер. Потоа додадете го чоколадото што претходно сте го растопиле на пареа.
– Изладеното тесто внимателно одмотајте го и извадете ја внимателно хартијата за печење. Премачкајте го со подготвениот крем. Повторно замотајте го како ролат и оставете го неколку саати во фрижидер да се излади.
– Ролатот посипете го со какао во прав. исечете го на парчиња и послужете го.
Идеја: Наместо темно чоколадо може да користите бело чоколадо за подобар визуален ефект.