Се топи во уста …
Потребно е:
250 гр путер
100 гр црно чоколадо
3 јајца
200 гр шеќер
250 гр маскарпоне сирење
70 гр какао во прав
70 гр брашно
1/2 лажиче сол
за филот:
60 гр путер
200 мл слатка павлака
100 гр црно чоколадо
Подготовка:
– Во сад на рингла растопете ги путерот и чоколадото и оставете малку да се излади.
– Со миксер изматете ги јајцата. Во тоа додадете ги маскарпоне сирењето и изладеното растопено чоколадо.
– Измешајте ги шеќерот и какаото и додадете ги во горната смеса.
– На крај додадете го брашното со малку сол.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-35 минути.
– За филот растопете го чоколадото со слатката павлака и путерот. Со филот прелијте го уште топлиот колач.
– Оставете убаво да се излади и сервирајте.