Брзо се подготвува, економичен е и многу вкусен … Интересна идеја за попладневен десерт.
Потребно е:
4 жолчки
2 лажици шеќер
90 гр црно чоколадо со ментол
1 лажиче какао во прав
1 кесичка желатин + 5 лажици ладна вода
250 мл млеко
250 мл слатка павлака
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги жолчките и шеќерот и садот ставете го врз друг сад на рингла во кој сте ставиле малку вода (водата несмее да го допира садот со јајцата). Почнете да ги матите на пареа. Постепено додадете ги какаото, чоколадото и врелото млеко. Матете на пареа околу 3 минути.
– Во врелиот крем додадете го желатинот, претходно подготвен според упатството на кесичката. Кремот оставете го да се излади. Кога ќе почне да се згуснува, додадете петходно изматена слатка павлака.
– Вака подготвениот чоколаден крем полнете го во чаши наквасени со ладна вода и ставете ги да се изладат во фрижидер неколку часа.
– Пред да ги сервирате украсете ги со по една лажица матена слатка павлака и парче црно чоколадо.