Едноставно неодолив …
Потребно е:
150 гр чоколадо
100 гр шеќер
200 гр путер
4 јајца
1 прашок за пециво
4 лажици брашно
сок од 2 калинки
за кремот:
200 гр чоколадо
500 мл слатка павлака
Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките.
– Во еден сад изматете ги белките во густо шне.
– Жолчките изматете ги убаво со шеќерот, па постепено додадете ги путерот, брашното, прашокот за пециво и на крај растопеното чоколадо. Потоа додадете ги изматените белки и полека изматете со дрвена лажица.
– Вака подготвената смеса сипете ја во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печеше и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу половина час (проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото).
– Печеното тесто избоцкајте го со вилушка и посипете го со сокот од калинките.
– За кремот, во сад на рингла сипете ја слатката павлака и ставете ја да се загрее. Потоа во садот додадете го чоколадото и оставете да се растопи со постојано мешање. Оставете малку да се излади.
– Кремот рамномерно нанесете го на изладеното тесто.
– Овој колач серирајте го со зрна од калинка и сладолед од ванила.