За сите љубители на чоколадни колачи …
Потребно е:
400 гр чоколадо
400 мл кондензирано млеко
50 гр путер
Подготовка:
– На пареа растопете го чоколадото заедно со путерот. Измешајте убаво.
– Растопеното чоколадо соединете го со кондензираното млеко.
– Ако немате кондензирано млеко тогаш во сад на рингла ставете да се вари 1 л кравјо млеко и варете го додека да дојде до половина (со повремено мешање за да не загори). Во ова додадете 1 лажиче бурбон ванилин шеќер, 1/2 лажиче екстракт од ванила и 150 гр шеќер. Тргнете го садот од рингла.
– Смесата сипете ја во помал огноотпорен сад или калап. Оставете ја во фрижидер да се стегне.
– Колачот може да го послужите со некој овошен сос или со свежо овошје или сладолед.