Чоколаден колач со џем од кајсии

Од:

Вкусен колач кој многу бргу ќе го подготвите …

Потребно е:
125 гр путер, на собна температура
100 гр чоколадо за готвење
300 гр џем од кајсии (може и од вишни или сливи)
120 гр шеќер во прав
на врв на нож сол
2 поголеми јајца, изматени со вилушка
150 гр брашно
1 рамно лажиче прашок за пециво
1 лажиче арома од ванила

за чоколадниот прелив:
100 гр чоколадо за готвење
40 гр путер

Подготовка:
– Во еден сад ставете го брашното и прашокот за пециво.

– Во сад на рингла растопете го путерот со чоколадото за готвење. Садот тргнете го на страна и изматете со вилушка. Потоа додадете ги џемот, шеќерот, малку сол и изматените јајца.

– Додадете го и брашното и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Тавата за печење (10х20 см) обложете ја со хартија за печење. Сипете ја смесата во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40-50 минути.

– Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да се излади.

– За тоа време направете ја глазурата. Растопете го путерот во сад на рингла и додадете го искршеното чоколадо и убаво измешајте за да се соединат состојките.

– Потоа прелијте го колачот со чоколадната глазура и украсете го по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска