Чоколаден колач – Фантазија

Од:

Неверојатно вкусен сочен чоколаден колач …

Потребно е:
2 чаши (250 мл) кисело млеко
1/2 чаша (125 мл) масло
2 чаши (400 гр) шеќер
2 чаши (400 гр) брашно
1 лажица сода бикарбона
прстофат сол
2 полни лажици какао
екстракт од ванила или ванилин шеќер

за преливот:
500 мл млеко
250 гр шеќер
1 ванилин шеќер
200 гр чоколадо за готвење
200 гр мелени ореви (половина за во филот, а половина за посипување одозгора)

Подготовка:
– Во еден подлабок сад додадете ги сите состојки по редоследот како се напишани, значи прво измешајте ги киселото млеко, маслото и шеќерот, па потоа додадете го брашното помешано со какаото и содата бикарбона, малку сол и ванила.

– Изматете за да добиете хомогена смеса. Сипете ја во намастена и посипана со малку брашно тава за печење (20х30 см) и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути.

– Во меѓувреме направете го преливот. Прво ставете ги да се варат млекото со шеќерот и чоколадото, а потоа додадете ги мелените ореви. Измешајте и оставете да се излади.

– Прелијте го млакиот колач со млак прелив. Претходно колачот избодете го на повеќе места со вилушка за да подобро се впие преливот.

– Вака прелиениот колач најдобро е да го оставите да отстои еден ден во фрижидер пред да го послужите. Исечете го на коцки и посипете ги со мелени ореви.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска