Чоколаден колач без јајца

Од:

Потребно е: 
за бисквитот: 
1/2 л јогурт
300 гр брашно
250 гр шеќер
120 мл масло
25 гр какао
2 лажичиња сода бикарбона
малку путер за подмачкување на тавата за печење

за глазурата: 
150 гр путер
150 гр чоколадо за готвење
120 гр шеќер
120 мл млеко

Подготовка: 
– Сите состојки за бисквитот изматете ги убаво со миксер.

– Тавата за печење (20 x 30 см) премачкајте ја со путер и во неа сипете ја горната смеса.

– Печете во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.

– Во меѓувреме подгответе ја глазурата. Растопете го путерот во тенџере на рингла. Тргнете го настрана и во тоа ставете го чоколадото, шеќер и млеко. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

– Глазурата прелијте ја преку изладен колач.

– Исечете го на коцки. Колачот можете да го послужете го со шлаг.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска