Толку лесно да се подготви и нема да ве остави рамнодушни.
Состојки:
180 гр чоколадо за готвење
125 гр путер
3 јајца
125 гр шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
60 гр брашно
1 лажичка какао
калап за мафини
Подготовка:
Растопете ги путерот и чоколадото на тивок оган и ставете го на страна да се излади.
Јајцата се матат со шеќер и ванилин шеќер. Кога е веќе доволно изматено додадете ја смесата од чоколадо и путер и продожете да матите со миксер.Кога е се добро измешано додадете го брашното и продолжете да матите додека се добро не се соедини.
Калапите за мафини премачкајте ги со малку путер и посипете со какао.
Наполнете ги калапите и ставете да се пече во веќе загреана рерна.
Декорирајте со шеќер во прав и малини.