Чили кон карне

Од:

Потребно е:
3 чешниња
 лук, ситно сецкани
1 главица кромид, ситно сецкан
маслиново масло
1 лажиче мелен ким
2 лажичиња суво оригано
2 ловорови листови
750 гр мелено јунешко месо
1/4 лажиче чили во прав
4 лажици мелена црвена пиперка
2 лажичиња бибер
4 лажици вински оцет
4 лажици пире од домати
2 конзерви (400 мл) сецкани домати
1,5 конзерва (400 мл) црн грав (исцеден и измиен)
300 мл црно вино
лут табаско сос, по вкус

Подготовка:
– Во едно тенџере на рингла на малку маслиново масло пропржете го кромидот и лукот. Кога ќе омекне кромидот додадете го мелениот ким, ориганото и листовите ловор. Измешајте и оставете го да се динска неколку минути.

– Додадете го меленото месо и динстајте на средна температура додека месото не добие боја.

– Додадете ги биберот, чили во прав, мелената црвена и оцедот. Промешајте. По неколку минути додадете го пирето од домати, сецканите домати од конзерва, гравот и виното на крај. Посолете по вкус. Оставете го јадењето да почне да врие.

– Садот со гравот поклопете го и ставете го да се допече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу час и половина. Од време на време промешувајте го. Кога ќе биде готово додадете табаско, по вкус.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска