Чевлите по кои полуде Холивуд

Од:

Кејт Босворт, Ева Мендез, Оливија Палермо, Шерил Кол… сите тие ги „прошетаа“ најпосакуваните чевли во оваа сезона. Тоа што е најинтересно е дека не станува збор за чевли од некој познат бренд.

Чевлите со шпиц со потпетици кои се врзуваат околу глуждот, се производ на лондонскиот бренд „Бионда Кастана“, а последните месеци ги носеа голем број познати дами. Кејт Босворт ги носеше при претставување на нејзината апликација „Style Their“, Оливија Палермо кога се фотографираше за насловната страна на „Брајдс“ магазинот, а Шерил Кол во нив го прослави нејзиниот роденден.

Списокот на холивудски ѕвезди кои овие чевли „ги залудеа“ не завршува тука – Лизи Кеплан, Ема Робертс, Зои Салдана… исто така „паднаа“ на нив.

Иако брендот не е многу познат, цената е многу звучна – 800 долари (околу 620 евра). Чевлите се дизајнираат во Лондон, се прават рачно во Италија, а моделот е достапен во повеќе бои.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски