Чевлите на Марија Антоанета продадени за 50.000 евра

Од:

Чевлите на француската кралица Марија Антоанета продадени се вчера на аукција во Париз за 50.000 евра.

Чевлите од зелена свила со украсна машна на предната страна, биле проценети од 8.000 со 10.000 евра.

Кралицата овие чевли ги носела додела чекала во затворот да ја егзекутираат.

Најсериозното обвинение било сексуалната злоупотреба на нејзиниот син. Тоа било според наводните обвиненија од Луј-Шарл, чиј мозок бил испран од страна на Хеберт и неговиот нов старател.

На ова обвинение Марија Антоанета протестирала толку емоционално, што иронично но жените кои присуствувале на судењето започнале да ја бранат. Откако завршило судењето за овие обвинувања, таа изјавила „дека не можела да се спротивстави, бидејки самата природа одбива да реагира на такви обвиненија насочени кон една мајка“.

Реално, одлуката за судењето била однапред решена од страна на Комитетот за јавна безбедност уште во времето кога бил откриен заговорот со каранфилите.

Утрото на 16 октомври, по два дена сослушување била прогласена за виновна за предавство. Била погубена истиот ден, во 12.15 часот, облечена во едноставен бел фустан и овие зелени чевли, две недели пред нејзиниот 38-ми роденден во 1793 година.

Чевлите се дел од колекцијата на предмети од Француската буржоаска револуција, кои беа ставени на аукција по повод годишнината од егзекутацијата на познатата француска кралица.

Би можело да ве интересира

Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Ана Ололовска

Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце

Наум Локоски

Во Македонија дневно се произведуваат 6.000 вести. Како да дојдете до оние што вас ве интересираат?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мисовски: Никола зрело време е да си одиш!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Кога се појавија албански знамиња, Бранко не побегна во Америка како Никола

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Жерновски: Власта да падне за да се крене Македонија

Ана Ололовска