Искусни аналитичари ги проучиле можностите и функциите на мапите на Епл и ги споредиле со оние од онлајн услугата на Гугл.
Како заклучок, тие укажуваат на четири причини зошто ги претпочитаат Apple Maps, наместо Google Maps.
Еве кои се тие:
1. Епл посветува сериозно внимание на безбедноста на своите корисници и затоа не собира информации за своите клиенти во една база на податоци за да ги продава подоцна на огласувачи.
2. Мапите на Епл се единствената слична услуга, што може да се користи со Сири.
3. Апликацијата Apple Maps работи целосно на паметните часовници на компанијата од Купертино – без разлика која верзија. Па, така можете да ги гледате мапите и на вашиот часовник.
4. Онлајн мапите на Епл, исто така, си одговараат со други слични програми, кои можат да обезбедат информации не само за точна локација на мапата, туку и да покажуваат рецензии од луѓе.