Тунелите обично се човекова креација што им помага да поминуваат преку планините или ридовите. Но, во светот постојат и поинакви созданија со малку слични ама и поинакви цел, изглед или локација. Нивната специфичност ги направи и главни туристички атракции.
„Gate Toweр“ во Осака, Јапонија
Ова е еден од повеќето невообичаени објекти во Јапонија, наречен „Гејт Тауер“ во Осака. Зградата е комромис направен помеѓу сопствениците на земјиштетото и владата. Петтиот, шестиот и седмиот кат на зградата се тунел и автопат.
„Тунелот Лог“, Калифорнија, САД
„Лог“ е всушност тунел во гигантското дрво „секвоја“ кое се наоѓа на патот кон Секвоја, Национален парк во Калифорнија. Дрвото со висина од 84 метри и 6,4 метри ширина паднало на сред пат во 1937 година. Следната година е направен тунел преку него во висина од 2,4 метри и 5,2 метри во ширина и на тој начин патот повторно станал прооден.
„Тунел на љубовта“, Клевен, Украина
Еден од најубавите тунели во светот кој се наоѓа во близина на градот Клевен, Украина. Тој е главна туристичка атракција, направен е од дрвја, а низ нив поминува пруга. Долг е речиси еден километар и штом започнат топлите денови во годината, дрвјата се разеленуваат и самите го прават тунелот едно од најубавите места во Украина.
„Гуолијанг“, Кина
Овој тунел е чудо на природата, но и на човечката рака. 13 локални жители работеле околу 5 години за да направат премин преку планината Таиханг. Долг е 1.200 метри, широк 4 метри, а има и отвори од страна кои изгледаат како да има прозорци. Тунелот е отворен за сообраќај во 1977 година.