Во Русија почна емитување на телевизиска реалити програма каде лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров ќе избере свој помошник.
Серијата „Тим“ (Команда) е направена по моделот на американското реалити шоу „Приправник“ (The Apprentice), чија главна ѕвезда беше американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп.
Од натпреварувачите се очекува меѓу другото, точно и на време да ги исполнуваат задачите и да бидат подготвени да работат 24 часа дневно, а победникот ќе стане нов помошник на чеченскиот лидер.
Во првата епизода емитувана во среда навечер на државната телевизија Русија, 16 натпреварувачи поделени во екипи добиле задачи три илјади луѓе да ги распоредат на фудбалскиот стадион на начин да се прикажат име на својата екипа.
Емисијата ќе биде снимена во познати чеченски одморалишта на планини и езера, а натпреварувачите ќе учествуваат и на традиционална чеченска свадба.