Часовник што чинел 350 долари, сега вреди 700.000

Од:

Воен ветеран од САД во 1970-тите купил часовник за 345,97 долари, но никогаш не го носел. Пред извесно време го однел на проценка и дознал дека тој, всушност поседува богатство.

Часовникот Ролекс вредел меѓу 500.000 и 700.000 долари, доколку биде понуден на аукција. Моделот е „Rolex Oyster Cosmograph Reference 6263“.

– Не мислам дека на светот има друг часовник од овој модел, а така добро сочуван, му кажал проценителот на пензионираниот војник.

Скапоцениот часовник бил купен додека војникот бил распореден во Тајланд. Како што раскажува, тој не се разбирал од часовници, но видел дека пилотите на комерцијалните летови носат Ролекс и решил да си набави еден таков.

Тогаш не ни претпоставувал дека тој модел е истиот како тој на холивудската ѕвезда Пол Њуман во филмот „Winning“ од 1969 година, што, меѓу другото, го прави предметот прилично интересен за колекционерите на часовници.

Би можело да ве интересира

„Ролекс“ украден од домот на Кијану Ривс во Лос Анџелес се појави во Чиле

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он