Цервинија – скапоцен камен на Алпите

Од:

Ски центарот Цервинија се наоѓа на самата граница меѓу Швајцарија и Италија и има околу 130 патеки за скијање.

Овој скриен скапоцен камен на Алпите ги нуди сите видови патеки за скијачите, од почетнички, кои од вкупниот простор за скијање заземаат 30 отсто, умерени, кои преовладуваат, до напредните патеки, кои се наменети само за искусните скијачи.

Одмаралиштето е опремено со голем број жичарници, беби лифтови и гондоли, а во случај на недостиг на снег, тука се водените топови за правење вештачки снег.

Врвот на ски центарот се наоѓа на 3.489 метри надморска височина, што го вбројува меѓу највисоките скијалишта на Алпите. На самиот врв има глечер, кој овозможува скијање и за време на летните денови.

Цената на дневните билети за скијање е околу 30 евра, додека цената на интернационалните билети, со кои можете да скијате на швајцарскиот дел на Алпите изнесува околу 40 евра.

Во централниот дел на Цервинија се наоѓа Индијана паркот, кој се смета за еден од најубавите паркови во Италија, додека на врвот на глечерот се наоѓа летниот парк Гравити, кој зимно време е затворен.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска