Царски смокви

Од:

Вкусно слатко задоволство …

Потребно е:
20 суви смокви
40 половинки ореви

за смесата:
400 гр шеќер
8 лажици вода
150 гр путер
150 гр мелени бисквити
150 гр мелени ореви

мелени ореви за посипување

Подготовка:
– Смоквите ставете ги да се варат во топла вода 7-8 минути. Исцедете ги од водата и оставете ги да се изладат. Тргнете им ги петелките и во секоја смоква ставете по две половинки ореви.

– Во сад на рингла ставете ги да се варат водата и шеќерот и мешајте за да се растопи шеќерот.

– Додадете ги путерот, мелените бисквити и мелените ореви, убаво измешајте и оставете да се излади.

– Секоја смоква обложете ја со по една лажица од смесата и формирајте ги како топчења. Потоа увалкајте ги во мелени ореви.

– Пред да ги послужите пресечете ги на половинки.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска