Воздушести и меки …
Потребно е:
300 гр брашно
1/2 лажиче сол
1 прашок за пециво
75 гр путер
50 гр трапист кашкавал
30 гр пармезан
65 гр овчо сирење
200 мл млеко
Подготовка:
– Соединете ги брашното, прашокот за пециво и солта. Додадете го путерот и со раце изгмечете го.
– Изрендајте ги кашкавалот и пармезанот и додадете ги во брашното. Измешајте, а потоа додадете го и изгмеченото овчо сирење.
– Сипете го и ладното млеко и замесете тесто.
– Оставете да стои околу 5 минути, ставете го на работна површина, посипете со брашно и со сукало развлечете го со 7-8 мм дебелина.
– Вадете кругови, наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 17-18 минути.