Брзи чоколадни обланди

Од:

Брзо, евтино и вкусно …

Потребно е:
250 гр путер
200 гр шеќер
350 мл кисела павлака
1 ванилин шеќер
100 гр чоколадо
350 гр мелени бисквити
неколку листови обланди

Подготовка:
– На мала температура на рингла рстопете го путерот.

– Додадете го чоколадото и оставете да се растопи. Измешајте.

– Додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер, измешајте да се растопат и тргнете го садот на страна.

– Додадете ги мелените бисквити и измешајте.

– Додадете ја и киселата павлака и повторно измешајте неколку минути за да малку се излади филот.

– Преминете на филување на обландите. Филот поделете го на 4 дела за да намачкате 4 обланди со него. Не ставајте фил на последната обланда.

– Наредената обланда притиснете ја со некој тежок предмет и ставете ја во фрижидер да се стегне.

– Исечете ја на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска