Брза и вкусна домашна пита …
Потребно е:
1 пакување (500 гр) готови кори за пита
350 гр мелено месо
2 компири
1 главица кромид
1 чешне лук
50-100 мл масло
сол, бибер
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги меленото месо, ситно сецканиот кромид и лук и компирите исецкани на мали коцки.
– Во тава на загреано масло испржете ја смесата со мелено месо и компири околу 5 минути.
– Ставете една кора, премачкајте ја со масло и одозгора ставете втора кора и исто премачкајте ја со масло.
– Ставете неколку лажици од смесата со месо на едниот крај на корите. Завиткајте ја кората како ролат точно до половина.
– Од другата страна исто ставете од филот со месо и повторно завиткајте до половина.
– Со нож исечете ги корите по средината. Наредете ги во намастена тава и одозгора премачкајте ги со масло.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени. По 15 минути од печењето полијте ги ролничките со малку вода и вратете ги да се допечат 10-15 минути или додека убаво не поруменат.
– Извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да се изладат. Исечете ги на парчиња и послужете.