Овие медени банани ќе ве освојат од прва …
Потребно е:
1 банана
1 лажица мед
прстофат цимет
маслиново масло или путер
Подготовка:
– Бананите исецкајте ги на тркалца.
– Намастете ја тавата со малку масло и ставете ја на рингла.
– Наредете ги бананите во тавата и пржете ги по 1-2 минути од секоја страна.
– Сега подответе ја глазурата од мед и една лажица вода или сок од лимон.
– Тргнете ги бананите од тавата и ставете ги на чинија и додека се уште врели полијте ги со глазурата од мед.
– Оставете да се изладат, посипете со цимет и послужете.