Брзината на подготовка на оваа торта ќе ве изненади …
Потребно е:
600 гр мелени плазма бисквити
100 гр мелени ореви
200 гр чоколадо
2 лажици масло
200 гр шеќер во прав
250 гр маргарин
2 јајца
200 мл газиран сок со вкус на портокал
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги убаво јајцата, маргаринот (на собна температура) и шеќерот.
– Додадете ги мелените плазма бисквити, оревите и 100 гр изрендано чоколадо.
– Сипете го сокот и измешајте убаво за да се соединат сите состојки.
– Смесата ставете ја на чинија за сервирање и обликувајте ја тортата.
– Одозгора ставете глазура од растопено чоколадо со малку масло.
– Тортата ставете ја во фрижидер да се стегни, исечете ја на парчиња и послужете.