Брзо се подготвува,а е неверојатно вкусна …
Потребно е:
1/2 л варен сок од домати
3 полни лажици пире од домати
1 л врела вода
1 лажица маслиново масло
3 лажичиња мелен сув зачин
2 лажичиња шеќер
1/4 лажиче мелен бибер
1 лажица сечкан свеж магдонос
6 лажици крупна тарана
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги сокот и пирето од домати. Потоа додадете ги сите преостанати состојки освен тараната.
– Садот ставете го на рингла за да проврие содржината.
– Додадете ја тараната и варете ја чорбата додека не се свари тараната.
– Оваа вкусна чорба послужете ја топла, одозгора посипана со малку сецкан свеж магдонос.