Се подготвува брзо и лесно. Вкусно и убаво за око …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
1 јајце
1 чаша (од 200 мл) шеќер
1 чаша мелени ореви
1 чаша млеко
1 чаша брашно
100 мл масло
1/2 прашок за пециво
рум, за попрскување
за кремот:
2 пудинга од ванила
6 лажици шеќер
600 мл млеко
200 гр путер
за посипување:
изрендано чоколадо
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги останатите состојки за тестото и убаво изматете.
– Смесата сипете ја во намастена тава (35х25 см) и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-35 минути.
– Уште топлото испечено бисквитно тесто испрскајте го со рум.
– Сварете го пудингот, со млекото и шеќерот според упатството на пакувањето.
– Оставете да се излади и потоа додадете го изматениот путер и убаво изматете.
– Со овој крем премачкајте го испеченото бисквитно тесто во тавата. Одозгора посипете со изрендано чоколадо.