Вкусен и ароматичен есенски колач …
Потребно е:
суви состојки:
200 гр бел шеќер
200 гр кафеав шеќер
250 гр брашно
2 лажичиња сода бикарбона
1 лажиче прашок за пециво
1 лажиче сол
1 кесичка од 5 гр цимет во прав
1/2 лажиче ѓумбир во прав
1/2 лажиче мелени каранфилчиња
1/2 лажиче рендано морско оревче
2 јајца
340 гр пире од тиква
150 мл масло
150 мл вода
Подготовка:
– Измешајте ги заедно сувите состојки и посебно сите останати состојки.
– Потоа споите ги двете смеси и полека измешајте.
– Калапот (33х10 см) убаво премачкајте го со путер и посипете со малку брашно. Сипете ја смесата во калапот и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 1 час и 15 минути. Проверувајте го колачот дали е печен кога ќе порумени.
– Печениот колач извадете го од калапот и уште топол завиткајте го во алуминиумска фолија. Оставете го потполно да се излади.