Овој колач навистина ќе го подготвите брзо и лесно …
Потребно е:
8 мандарини
50 гр путер
100 мл масло
3 јајца
250 гр шеќер
200 гр брашно
1 прашок за пециво
Подготовка:
– Мандарините измијте ги убаво и сварете ги заедно со кората околу 30 минути.
– Оставете да се изладат, излупете ги и сомелете ги во блендер.
– Растопете го путерот и додадете го маслото и мелените мандарини и убаво измешајте.
– Додадете ги јајцата па повторно изматете со вилушка.
– Додадете го шеќерот и продолжете со матењето додека да се растопи.
– На крај додадете го брашното и прашокот за пециво и изматете со миксер додека да добиете хомогена смеса без грутки.
– Смесата сипете ја во округол калап обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45-50 минути.
– Печениот колач оставете го да се излади, извадете го од калапот и внимателно тргнете ја хартијата за печење. Колачот ставете го на чинија за сервирање, посипете го со шеќер во прав и послужете.