Брз колач со кисела павлака

Од:

Подгответе се, овој колач брзо ќе го снема …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
5 јајца
250 гр шеќер
100 мл масло
100 мл врела вода
250 гр брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
2 лажици какао во прав

за филот:
2 кесички пудинг од чоколадо
1 л млеко
6 лажици шеќер

за преливот:
4 кисели павлаки
5 лажици шеќер
4 кесички ванилин шеќер

Подготовка:
– Изматете ги белките, шеќерот, жолчката и ванилиниот шеќер. Додадете ги маслото и водата, а потоа и брашното и прашокот за пециво.

– Сварете ги пудинзите според упатсвото на пакувањето.

– Тавата во која ќе го печете колачот (25х35 см) малку намастете ја и посипете со брашно.

– Во тавата сипете половина од смесата со брашно. Во другата половина додадете го какаото и измешајте убаво да добиете хомогена кафена смеса.

– Сега со лажица ставете од кафената смеса на тестото во тавата, како што е прикажано на сликата.

Брз колач со кисела павлака1

– Уште врелиот пудинг ставете го над кафената смеса (види ја сликата).

Брз колач со кисела павлака2

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена внатрешноста на колачот.

– Додека се пече колачот измешајте ги киселите павлаки, шеќерот и ванилиниот шеќер.

Брз колач со кисела павлака3

– Овој прелив веднаш сипете го на уште врелиот колач и зрамнете.

Брз колач со кисела павлака4

– Оставете го колачот убаво да се излади во фрижидер (најдобро преку ноќ).

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска