ден од најомилените колачи …
Потребно е:
1 кг рендани јаболки
250 гр шеќер
600 мл вода
2 пудинга од ванила
1/2 лажиче цимет
250 гр бисквити (Petit Beure)
250 мл слатка павлака
по желба рендано чоколадо, за декорација
Подготовка:
– Во тенџере на рингла ставете ги да се варат изренданите јаболки и дел од водата (од 600 мл). Варете ги 15-тина минути на средна температура.
– Измешајте го прашокот за пудинг со остатокот од водата. Оваа смеса додадете ја кај јаболките и мешајте додека да се згусне.
– Тргнете го тенџерето на страна, додадете го циметот и измешајте.
– Почнете да го редите колачот во тава со димензија 21х36 см. Најдоле наредете еден слој бисквити.
– Одозгора распоредете половина од смесата со јаболки.
– Повторно наредете еден ред бисквити и одозгора распоредете го остатотот од смесата со јаболки.
– Над наредете уште еден ред бисквити.
– Оставете го колачот да се излади.
– Изматете ја слатката павлака и нанесете ја рамномерно на колачот.
– По желба колачот може да го украсите со рендано чоколадо.