Брз колач со банани

Од:

Како денешен десерт подгответе го овој брз и едноставен колач …

Потребно е:
за кората:
3 јајца
150 гр шеќер
150 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
3 лажици млака вода

за филот:
1 мала тегличка чоколаден крем
4-5 банани
500 мл слатка павлака
малку шеќер
малку изрендано чоколадо за украсување

Подготовка:
– Изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете млака вода и продолжете со матењето.

– Додадете ги брашното и прашокот за пециво и измешајте со лажица.

– Смесата сипете ја во намастена и набрашнета тава и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена кората.

– Оставете да се излади кората и премачкајте ја со чоколадниот крем.

– Над кремот наредете еден ред бананите исечени на половина по должина.

– Изматете ја слатката павлака и премачкајте ја над бананите.

– Украсете со рендано чоколадо и ставете ја во фрижидер убаво да се излади.

– Исечете ја на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска