Фин спој на чоколадо и кокос …
Потребно е:
100 гр брашно
200 гр путер
150 гр шеќер
3 јајца
150 гр чоколадо
5 лажици млеко
150 гр кокосово брашно
3 лажици рум
Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките. Жолчките убаво изматете ги со шеќерот, а потоа полека додадете го растопениот путер.
– Додадете го и брашното и 2 лажици од кокосовото брашно. Измешајате со шпатула или дрвена лажица.
– Изматете ги белките во густ шлаг и полека додадете ги во смесата со жолчки. Повторно внимателно измешајте со шпатула или дрвена лажица.
– Добиената смеса префрлете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– За тоа време подгответе го чоколадниот крем. На пареа растопете го чоколадото и путерот. Тргнете го садот од рингла и додадете ги млекото, румот и кокосовото брашно. Убаво измешајте.
– Со чоколадниот крем премачкајте го изладениот колач. Оставете да се излади, исечете го на парчиња и послужете.