Брз и евтин колач

Од:

Испробан, вкусен, брз, евтин и едноставен …

Потребно е:
1 чаша (од 200 мл) брашно
1 чаша шеќер
1 чаша мелени ореви, рогач или афион
2 кесички ванилин шеќер
1 чаша млеко
2 јајца
2 лажици масло
1 прашок за пециво
шеќер во прав, за посипување

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, оревите или рогачот или афионот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво.

– Посебно изматете ги јајцата, маслото и млекото. Оваа смеса сипете ја кај брашното и измешајте со дрвена лажица да добиете хомогена смеса.

– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за  печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печен колачот.

– Печениот колач извадете го од тавата, посипете го сео шеќер во прав и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска