Брз 15 минутен колач

Од:

Ова е најбрз и највкусен колач со банани и бисквити …

Потребно е:
300 гр Плазма или Petit Beure бисквити
3 пудинга од ванила
9 лажици шеќер
1 л млеко
200 гр путер или маргарин
1 кесичка бурбон ванилин шеќер
4 лажици кисела павлака
4-5 банани
200 мл слатка павлака
1 лимон

Подготовка:
– Ставете го млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер во еден сад на рингла и оставете да провријат.

– Од 1 л млеко одвоите малку и разматете ги пудинзите во него. Сварете го пудингот и во уште врелиот пудинг додадете го путерот или маргаринот. Додадете ја и киселата павлака.

– Бисквитите издробете ги на парчиња и додадете ги во врелиот пудинг. Убаво измешајте.

– Долгнавестиот калап премачкајте го убаво со маргарин и сипете половина од смесата.

– Бананите исечете ги на половиа по должина и посипете ги со сок од лимон. Наредете ги една покрај друга над смесата во калапот.

– Остатокот од смесата ставете ја одозгора, израмнете и оставете да се излади.

– Изматете ја слатката павлака и ставете ја над изладениот колач.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска