Вкусни залачиња кои брзо ќе ги подготвите …
Потребно е:
1 помал леб или багет
1-2 чешниња лук
2 јајца
1 лажиче сенф
1 полна лажица мајонез
сол
20-30 гр суво месо
1 помал домат
сирење или кашкавал, по желба
Подготовка:
– Сварете ги јајцата, излупете ги и ставете ги во блендер. Додадете сол, сенф и мајонез и изблендирајте ги во хомогена смеса.
– Во горната смеса додадете го и сецканото суво месо.
– Лебот исечете го на парчиња со дебелина од 1 см и истостирајте ги.
– Додека лебот е уште врел, истријте го со лукот од двете страни.
– На секоја кришка ставете од подготвениот намаз, доматите и сирење или кашкавал, по желба.