Направете ги овие вкусни брускети и уживајте …
Потребно е:
1 поголем карфиол (околу 600 гр)
2 лажици маслиново масло
1 чешне лук
малку сол
200 гр кашкавал (полутврд)
2 лажичиња мелена црвена пиперка
шарен бибер
3 млади кромидчиња
песто од суви домати
Подготовка:
– Карфиолот исечете го на листови како шницли со дебелина околу 1 см. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Во еден сад измешајте ги маслиновото масло, стиснатиот лук, црвената пиперка, солта. Со четкичка со оваа мешавина премачкајте ги парчињата карфиол.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 10 минути. Потоа превртете ги и печете ги уште 10 минути.
– на уште врелите парчиња карфиол ставете од изренданиот кашкавал, посипете со ситно сецканио млад кромид и ставете по 1 лажица од пестото од суви домати.
– Послужете ги топли.