Брокули пудинг

Од:

Одличен и едноставен рецепт за сите кои обожуваат брокули …

Потребно е:
300 гр брокули
2 лажици путер
1 помала главица кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук
1 1/2 чаша (1 чаша = 250 мл) слатка павлака (без шеќер)
1 1/2 чаша некој топлив кашкавал (ајдамер, гауда, …), изрендан
4 јајца
сол и бибер

Подготовка:
– Брокулите сварете ги 1 минута во врела вода. Убаво исцедете ги и исецкајте ги ситно. Распоредете ги н дното на еден керамички сад за печење.

– Јајцата малку изматете ги и оставете ги на страна.

– Во сад на рингла растопете го путерот, потоа ставете го сецканиот кромид и пржете го 5 минути.

– Додадете го и сецканиот лук и пржете уште 2-3 минути. Сега ставете 2 лажици брашно и пржете го со постојано мешање околу 5 минути.

– На крај додадете ја и слатката павлака и оставете да се вари на тивко додека да се згусне.

– Изрендајте го кашкавалот и мал дел ставете го кај изматените јајца. Останатиот кашкавал сипете го во смесата од павлака и измешајте додека да се растопи.

– Потоа во горната смеса додадете ги и изматените јајца со кашкавалот. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете ги и зачините.

– Смесата сипете ја преку брокулите во тавата и ставете да се пече во загреана тава на 175 целзиусови степени 35-40 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска