Бројот на руските туристи во Грција се намали за 60% во првата половина на 2015.

Од:

Бројот на руските туристи во Грција во првата полоцина на 2015 година изнесувал 151 илјада, што е 60,6 отсто помалку, отколку во истиот период во 2014 година, соопшти Асоцијацијата на руските туроператори.

Падот на бројот на руските туристи влиајел генерално на заработувачката од нив, со оглед на тоа што во првата половина од годината се намалил за 63,2 отсто, до 129,3 милиони евра.

Истовремено претседателот на Асоцијацијата на грчките туристички агенции Андреас Андреадис изјави дека ако политичките случувања бидат мирни, оваа година Грција ќе може да прими 26 милиони странски гости, што ќе биде нов туристички рекорд за земјата.

Грција лани беше посетена од 24 милиони туристи, меѓу кои 1,2 милиони руски граѓани.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска