Бритни за инцидентот со познатиот кошаркар: Ме удри со тупаница по лицето пред толпа луѓе

Од:

Пејачката Бритни Спирс доживеа инцидент кога бодигардот на новата НБА ѕвезда Виктор Вембањама ја турна и ја удри.

Таа потоа паднала на подот и се здобила со повреди, а сега се огласила на својот Инстаграм профил каде детално објаснила што всушност се случило.

“Трауматските искуства не ми се нови и до сега имав многу. Не бев подготвена за тоа што ми се случи синоќа. Спортистот го препознав во ходникот на хотелот додека одев на вечера. Подоцна отидов во ресторан во друг хотел и повторно го видов. Решив да отидам до него и да му честитам на успехот. Беше навистина гласно, па го чукнав по рамо за да му го привлечам вниманието. Знам за изјавата каде што спомнува дека јас сум „го грабнала“, но јас само го чукнав по грбот односно рамото. Неговото обезбедување потоа ме удри со тупаница по лицето без да се осврнат на гужвата. Мене постојано ми приоѓаат луѓе, но мојот безбедносен тим никогаш не удрил ниту еден од нив. Оваа приказна е многу непријатна да се сподели со светот, но таа е веќе тука. Сепак, мислам дека е важно да се сподели оваа приказна и да се апелира до луѓето во очите на јавноста да ја постават пример за постапување со луѓето со почит. Има премногу физичко насилство на овој свет. Често зад затворени врати стојам со сите жртви и моето срце е со сите вас! Допрва треба да добијам јавно извинување од играчот, неговото обезбедување или нивната организација. Се надевам дека ќе добијам..Ја ценам огромната количина на љубов и поддршка што ја добивам во моментов. Благодарност до полицискиот оддел во Лас Вегас и детективите за нивната поддршка. Исто така, навистина ќе ценев доколку не се смееја во тој момент. Гледајќи го како се насмевнува на злобен начин и во таа ситуација кога јас сум висока 1,61, а тој 2,25“, напиша Бритни на својот Инстаграм профил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“

Бритни Спирс се огласи за разводот: Не можев повеќе да ја поднесам болката

Предраг Петровиќ

Нови детали од разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари: „Таа го удираше додека тој спиеше“

Предраг Петровиќ