Британска монархија: Оправдано се потрошените 5 милиони евра за реновирање на станот на принцот Вилијам и Кејт

Од:

Британската монархија смета дека се оправдани трошоците за реновирање на станот во палатата Кенсингтон во Лондон, кој претставува официјална резиденција на принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт и синот Џорџ.

Според британски медиуми, војводата и војвотката од Кембриџ потрошиле четири милиони фунти (5 милиони евра) за поправки и опремување на станот.

Портпарол на круната одби да потврди за сумата, но прецизираше дека кралскиот пар сами платиле за купување нов мебел и покуќнина.

При реновирањето биле поправени електричните инсталации, водоводните цевки и поставен бил нов кров. Вилијам и Кејт се сместија во станот 1А во кој порано живеела принцезата Маргарета, сестра на Елизабета Втора.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он