Британија: Во агенција за грди модели работата цвета

Од:

Дебели, ќелави, со лоши заби, тетовирани, доаѓаат предвид за работа во агенцијата за грди модели на Марк Френч кој со идејата за ангажирање на не така убави луѓе кои не се вклопуваат во она што се смета типично манекенски изглед, во разни реклами за разни потреди, разви вистински бизнис.

Не постои конкретен критериум колку моделли треба да бидат грди затоа што Френч истакнува дека е многу важно да го покажат нивниот карактер.

– Бараме се од ектремно слаби, дебели, високи и ниски. Никогаш не знаеме точно каков модел треба додека не влезе на врата, затоа што најважно е со што тие ќе се претстават, каков им е карактерот. Нашите модели учествувале во кампањата за „Келвин Клајн“ и фотографирани се за италијанскиот „Вог“, а работата цвета, рече Френч.

Интересно е дека меѓу ангажираните модели, луѓето со екстремен пирсинг како Илејн Дејвисон која на телото има над 2.000 тетоважи, а тие најчесто се појавуваат во филмовите и ТВ рекламите.

Еден од најпознатите модели на оваа агенција е момчето по име Дел, кој цел живот го исмејувале заради изгледот. Тој е се, само не типичен модел со неговата ретка коса, големи уши и нос и неверојатно лоши заби.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски