Британија: Разочарани сме што на Зеленски не му е дозволено да зборува на Евровизија

Од:

Британската влада денеска го изрази своето разочарување од одлуката на организаторите на Евровизија да не му дозволат на украинскиот претседател Володимир Зеленски да и се обрати на јавноста на финалето во сабота.

„Премиерот смета дека би било правилно да му се дозволи на претседателот Зеленски да зборува за време на натпреварот. Вредностите и слободите за кои се борат претседателот Зеленски и украинскиот народ не се политички, туку фундаментални“, рече портпаролот.

Самите организатори го признаа тоа „минатата година кога ја исклучија Русија од натпреварот“, се нагласува во соопштението на британската влада. Русија беше исклучена од овогодинешното натпреварување, како и во 2022 година, кога ја започна својата војната против Украина.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организираше натпреварот, го одби барањето на украинскиот претседател да и се обрати на јавноста преку видео порака за време на финалната вечер. „Еден од столбовите на овој натпревар е неговата аполитична природа. Овој принцип забранува политички или поврзани изјави за време на натпреварот“, објави ЕБУ.

Овогодинешната Евровизија се одржува во Ливерпул на северот на Англија бидејќи Велика Британија го освои второто место на минатогодишниот натпревар и ја презеде улогата на домаќин од Украина, која победи, но не можеше да го организира настанот поради руската инвазија.

Во финалната вечер во сабота ќе се натпреваруваат изведувачи од 26 земји, а од ЕБУ наведуваат дека е планирано изрзување почит на Украина.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски е ирелевантен за преговорите

Зеленски треба „веднаш“ да ја напушти Украина

Го нарече диктатор без легитимитет ама сепак му понуди „подобрена“ верзија на договорот за минералите

Катерина Ѓуровски

Зеленски има подобар рејтинг во Украина отколку Трамп во САД

ВИДЕО: Трамп тврди дека Зеленски го преспал состанокот со американскиот министер за финасии, фотографиите го демантираат

Катерина Ѓуровски

Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп, се закани американскиот потпреседател