Британците воведуваат данок на зашеќерени пијалоци

Од:

Во една просечна конзерва на газиран британски пијалак има повеќе од шеќер отколку што се препорачува како дневен внес, поради што Велика Британија за две години планира да воведе данок на зашеќерени пијалаци.

– Сакаме на компаниите кои произведуваат такви пијалоци да им се даде доволен рок да се прилагодат. Ќе имаме две категории данок: првиот е за оние сокови кои имаат повеќе од пет грама шеќер во 100 милилитри и вториот за оние кои имаат повеќе од осум, изјави британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн.

Тоа е мерка со која британската влада се бори против дебелина. Со тоа државната каса за една година ќе се наполни за 510 милиони фунти  и ќе бидат инвестирани во промовирање на спортски активности во основните училишта.

– Не сакам во иднина да се погледне кон моето време во парламетот и на генерацијата на моите деца да им кажам: „За жал, знаевме за тој проблем, но ништо е преземавме“, рече Озборн.

Иницијатива ја покрена познатиот готвач Џејми Оливер.

– Ова е изненадувачки и храбар потег на Министерството за финансии. Мислам дека со ова ќе се поттикнат промени. Треба да ги заштитиме децата. Шокиран сум, но на добар начин, рече Оливер.

Од друга страна произведувачите на пијалаци се  спротиставуваат на овој потег.

– Доказите не го оправдуваат овој пристап. Секторот за безалкохолни пијалоци е единствена гранка на прехранбена индустрија која постојано работи на намалување на шеќерот. Знаеме дека ова е исправно заради здравјето на децата, но ни се чини неправедно само ние да сме на удар, смета Гавин Партингтон, директор на британското Здружение за безалкохолни пијалоци.

Во Мексико, со сличен данок намалена е продажбата на пијалаци за 12 отсто, а во Унгарија намалена е количината на шеќер во пијалаците за 40 отсто.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он